Состојбата со пожарите во Македонија полека се стабилизира и нема опасност по населени места, покажува последниот пресек на состојбата на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според официјалните информации гори на 10 места низ државата, два пожари се локализирани а два се изгасени. Активни се четири пожари, во Николиќ кај Дојран каде гори нискостеблеста шума, под Солунска глава но според ЦУК таму има само чад во карпест дел, а кај месноста Преовце во Куманово и кај селото Ругинце во Старо Нагоричане гори ниска вегетација.
Од ДЗС информираат дека пожарите кај Николиќ и кај Самоков се критични и претставуваат опасност и затоа на нив се дејствува од земја и од воздух.
„Во моментов пожарникарите и екипите на ДЗС на терен држат под контрола шест пожари од кои дури пет се на територијата на Општина Македонски брод кај селата Рамне, Слатина, Црешнево и Локвица а гори, ниска вегетација, мешана шума и деградирана шума. Пожарот над Блаце кој се гаси веќе четири дена исто така е под контрола а сега е во потег на местото викано Рамна шума- Стојанче Ангелов“, директор на ДЗС.
Екипите на терен локализираа два пожари, во прилепско и светиниколско а целосно се изгасените пожрите кај црквата Свети Тројца во Чучер Сандево и кај селото Белица.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги презентираа мапите од македонскиот информативен систем за шумски пожари на кои детектирани критичните точки со можност за избивање на пожар.