Деспотовски си замина од директорската функција во ТИРЗ

jovan despotovski
jovan despotovski

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски денеска информира дека поднел оставка до Владата од функцијата во Дирекцијата.

Zito akcija 640x289px

„Иако имам уште од мандатот сметам дека е подобро да се повлечам од функцијата. Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман“, кажал Деспотовски на прес-конференција.

Agria

Деспотовски беше и во тесна трка за нов лидер на СДСМ, но загуби на внатрепартиските избори во неделата од Венко Филипче. Според Деспотовски, претседател не може да се избере со 9.000 гласови, а при тоа на 10.000 луѓе да не им се овозможи да гласаат, колку што не гласаа од пријавените регистрирани гласачи во СДСМ. За ова, како што рече, ќе поднесе приговори до ЦИК на СДСМ.

Членот на СДСМ претходно беше директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Тој седна на директорското столче во ТИРЗ во ноември 2020 година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: