Цистерната што утрово се запали на патот Струмица – Радовиш превезувала 20 тони нафта.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата.
До опожарувањето дошло на 1 километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица – Радовиш, на терен излегле 6 пожарникари и 2 противпожарни возила, а четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот.
Нафтата ќе биде префрлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.
Патот веќе е прооден за возила.
Можеби ќе ве интересира: