Детали за сообраќајната несреќа која се случи утрово на патниот правец Велес – Извор

70 – годишна велешанка со тешки телесни повреди е повредена во сообраќајна несреќа која утрово се случи на патниот правец Велес-Извор, а возачот на автомобилот, пет години помладиот А.К поминал со телесни повреди, соопшти СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

“На 04.08.2024 во 08.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-село Извор, во близина на село Бусилци, општина Чашка, патничо возило ,,фиат браво” со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К.(75) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.К.(70) од Велес , а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес”, се вели во соопштението од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: