Детето поминало без повреди, возачот се пријавил во полиција

Soobrakajka Meanata na Dace
Soobrakajka Meanata na Dace

Детето кое синоќа заедно со двајца возрасни беше удрено од автомобил во близина на „Меаната на Даце“ во Велес поминало без повреди. Со полесни повреди се двајцата негови придружници, но од велешката болница велат дека откако им била укажана лекарска помош, биле пуштени на домашно лекување.

Zito akcija 640x289px

Возачот кој по инцидентот го напушти местото на несреќата и избега, синоќа и се пријавил на полицијата, соопшти полицијата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На 31.08.2021 околу 21.30 часот на ул.„Тодор Јанев“ во Велес, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.К.(44) од Велес, удрило во пешаците З.К.(37), Б.К.(42) и двегодишно дете, по што го напуштил местото. Во незгодата З.К. и Б.К. се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. По кратко време возачот О.К.(44) со возилото сам се пријавил во полициска станица. Бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Иако сообраќајната полиција постојано патролира по велешките улици, чести се „лудориите“ на претежно помлади велешани, кои по главните улици возат со брзини карактеристични за автопат. Минатата недела, во акциска контрола, полицијата во Велес во еден ден откри 40 пијани возачи, а казни и 61 возач за пречекорување на брзината.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: