Девет години затвор за Боки-13, Фросина Ременски ослободена од обвинение

Боки 13
Боки 13

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска е прогласен за виновен за кривични дела меѓу кои и за измама во предметот „Меѓународен сојуз“, за што е осуден  на единствена казна од 9 години. Јасна Мандиќ Ерцеговиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години. Поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски се ослободува од обвинението. Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на условна казна од две години, a Христина Карајованова Блажевска  е осудена на една година затвор.

Zito akcija 640x289px

Во однос на Фросина Ременски судијката рече дека во текот на постапката не се најдени докази за сторено кривично дело. Ременски верувала во добро на проектот за отворање на Старечки домови, како што ѝ било презентирано од Јовановски, но во целата комуникација на Ременски не се најдени инкриминрачки дела.

Agria

За виновно е пресудено и невладиното правно лице Меѓународен сојуз на казна од еден милион денари.

Од обвинетите се одземаат предметите кои биле пронајдени во текот на истрагата и процесот.

Обвинетите се задолжени солидарно да им ја надоместат штетата на фирмите на бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски кои биле доведени во заблуда и од имотот на своите компании на Јовановски преку Македонска авторска агенција му исплатиле износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.

Судијката опширно претходно ги образложи кривичните дела.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: