Девет нови случаи со ковид-19 во Велес, бројот на активни случаи во земјава надмина 5000

veles tabla vlezot
veles

Девет велешани меѓу новозарените со ковид-19 во последните 24 часа, што е највисок број заразени за едно деноноќие во последните два месеци во Велес. Регистрирани се двајца оздравени пациенти. Во моментов, во Велес има 42 активни случаи со ковид-19. Бројот на заразени во земјава расте.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19 од кои, најмногу – 245 во Скопје, Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37, Охрид и Дебар по 23, Струга – 16, Битола – 15, Ресен – 11, Велес – 9, Штип – 8, Радовиш – 7, Прилеп, Кочани и Делчево по 5, Кавадарци и Виница по 4, Свети Николе и Берово по 2 и по еден заразен во Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран.

Agria

Регистрирани сe 104 оздравени пациенти,во изминатите 24 часа пријавени се и 10 починати лица: 4 починати од Гостивар (44, 65, 69 и 74 години), тројца од Скопје (33, 71 и 83 години), двајца од Тетово (67 и 84 години) и едно починато лице од Куманово (60). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 161.359, бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542, а бројот на активни случаи изнесува 5.043.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: