На 27.07.2024 во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Имено, по претходни оперативни сознанија преземени се мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Содржината продолжува под рекламата
Околу 21.00 часот во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица и кои во тој момент го напуштиле возилото.
Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со зелена тревкаста материја. М.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира:
- Две колешки од велешка пошта се степале на работа
- Четврто место на рафтингот во Кина за Златаров
- Временска прогноза
- Борец Баскет на сериозна проверка во Маџари
- МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во земјава