Дизелот и Еуросупер-95 поевтинуваат, цената на Еуросупер-98 останува иста

Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 29.7.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од ноќеска на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 80,50 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 72,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 44,060 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира: