Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), дизелот поевтинува за половина денар, а цената на бензините се зголемува за еден денар.
Содржината продолжува под рекламата
Па така, од полноќ литар дизел ќе се продава за 78 денари за литар, бензинот БС-95 ќе чини 80,5 денари за литар, а бензинот БС-98 ќе биде по цена од 82,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 77 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
По пониска цена ќе се продава и мазутот кој поевтинува за 0,087 денари, е еден килограм ќе чини 41,352 денари.
Можеби ќе ве интересира: