Дизелот поевтин за 2,5 денари, бензините остануваат по иста цена

benziska pumpa
benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 % во однос на одлуката од 9.05.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-)  се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според одлуката на РКЕ, од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 90,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 92,5 денари/литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 87 денари/литар, Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) 85 денари/литар, а Мазутот М-1 НС 53,848 денари/килограм.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: