Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38% во однос на одлуката од 16.09.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваа.
Содржината продолжува под рекламата
Новите цени на дериватите од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: