
Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека цената на дизелот ќе се намали, но цените на бензините остануваат исти. Од вечерва на полноќ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе се намали за 1.50 денари, па еден литар дизел гориво ќе чини 62.00 денари.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт 13.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира:
