Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на одлуката од 26.2.2024 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Содржината продолжува под рекламата
Од 5.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 43,752 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: