ДОБРА ВЕСТ: Пронајдени се двете малолетнички кои се водеа за исчезнати

Policija oznaka
Policija oznaka

Двете малолетнички кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје се пронајдени, потврдија извори од МВР за Телма.  По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, откако таткото на Аниса ја пријави за исчезната. Тогаш таткото на Аниса пријавил во полиција таа во четвртокот наутро излегла од дома кон нејзиното училиште „Лирија“ во Чаир, меѓутоа по часовите не се вратила дома.

Zito akcija 640x289px

Претходно, дедото на Аниса изјави дека се следи нејзиниот телефон, кој повремено се вклучува и исклучува.

Agria

На повозрасното девојче, 15 годишната Мелиса, не и е првпат да исчезне. Како што се наведува во билтенот на МВР, таа повеќепати досега се оддалечувала од домот и била враќана назад. Од МВР информираат дека активно работат на пронаоѓање на двете малолетнички.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: