Од седум часот утринава сплитската полиција проверува дојави за бомби на четири локации.
Во анонимен мејл, кој бил испратен и до медиумите, биле информирани дека на неколку локации, како градската управа на Бановина, црквата Свети Франциско, сплитскиот трговскиот центар Сити Центар Еден и други, се поставени експлозивни направи.
„Утрово, 17 јули 2023 година, добивме е-пошта со анонимна дојава за наводно подметнати експлозивни направи. Полициските службеници се испратени на сите локации за да ја потврдат веродостојноста на дојавите и ќе ги преземат сите мерки и активности за заштита на безбедноста на граѓани“, соопшти сплитско-далматинската полиција.
Бидејќи работното време во Бановина е седум часа, немало потреба од евакуација, само вработените биле предупредени да не доаѓаат, пренесува Далматински портал.
„Сериозно ги сфативме предупредувањата и почнавме да проверуваме“, изјави за порталот Антонела Лолиќ, портпаролка на Полициската управа.
Можеби ќе ве интересира: