Доколку не се влоши ситуацијата со Ковид-19, можни се нови укинувања на досегашните мерки

Veles policiski cas

По 15 јуни може да се очекува укинување на полицискиот час и да се дозволи организирање на други настани, како што се концертите, доколку продолжат истите позитивни трендови во врска со ситуацијата со коронавирусот, а во меѓувреме, се подготвуваат и протоколите.

Zito akcija 640x289px

Ваквите најави ги даде министерот за здравство Венко Филипче велејќи дека е одлична вест што последното деноноќие во Скопје не е хоспитализиран ниту еден нов пациент.

Agria

„Трендот е речиси еднаков и во другите места во земјата, каде исто така нема притисок врз инфективните одделенија. До следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе работиме со организаторите на разни настани и концерти кои се планира да се одржат во летните месеци, со цел да се изработат соодветни протоколи. Доколку продолжат овие трендови во врска со ковид-19, по 15 јуни може да се очекува дополнително олеснување на рестриктивните мерки. Пред сѐ, мислам на полицискиот час, како и на препораките за организација на настани”, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21244/osum-paczienti-se-hospitalizirani-vo-veleshkiot-kovid-czentar/