Докторката на Клиничкиот центар на Црна Гора Невенка Павличиќ побара од властите да издадат наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохије.
Имено, Павличиќ смета дека ритуал во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е жариште на заразата.
Вчера, пред храмот каде се наоѓа телото на митрополитот Амфилохије, се собраа огромен број верници кои сакаа да му оддадат последна почит.
Амфилохије ќе биде погребан денеска по литургијата што ќе ја служи патријархот Иринеј.
Можеби ќе ве интересира: