Безидејност во нападите, и многуте технички грешки на ракометарите на Борец резултираа со нов пораз. Во Велес подобар од Борец беше составот на Драчево со резултат 23:31, полувреме 10:14.
Гостите од Скопје, одлично отворија и уште од самиот старт го имаа водството, кое во ниту еден момент не беше загрозено. Тренерот Мачавелов правеше ротации во бековската линија, но ниту една комбинација не вроди со плод.
Содржината продолжува под рекламата
Со овој пораз ракометраите на Борец се заковани на дното на табелата. Најефикасен кај велешани беше Сиљанов со пет постигнати погодоци, додека кај победничаката екипа Димовски со осум,и Ангелов со пет погодоци. За одбележување се 17 одбрани на голманите на гостите Ангелов и Христов.
Можеби ќе ве интересира: