Дваесет и тригодишник тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман

Soobrakajka
Soobrakajka

Дваесет и тригодишник бил тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман, рано утрово, за МИА потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед  во кавадаречката болница.

Zito akcija 640x289px

„Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на граден кош. Успеавме да го одржиме во живот, се воспостави нормална активност на срцевобелодробен систем и го упативме на клиника во Скопје, во Ургентен центар“, рече докторот.

Agria

Од МВР потврдија за МИА дека околу еден часот било пријавено дека на регионалниот  пат Кавадарци-Росоман  кај село Манастирец патничко моторно возило ,,ауди” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 23 годишен кавадарчанец,  излетало надвор од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни  повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа при кавадаречката полиција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: