Двајца дилери лишени од слобода, при претресот се пронајдени амфетамини, марихуана и вага

policija

Во автомобил во скопската населба Карпош пронајден е амфетамин а полицијата во акцијата приведе две лица.

Zito akcija 640x289px

Според МВР, полицијата вчера на ул. Никола Тесла во Скопје во возило „даеву“ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.А. (37), а сопатник бил С.Н. (40), пронајден е амфетамин и дигитална вага.

Agria

Двајцата се приведени, а потоа е извршен претрес во домот на Д.А. каде се пронајдени амфетамин, марихуана и вага.

Од полицијата за денеска најавија дека ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

https://batali.net/19465/70-godishna-veleshanka-e-novata-zhrtva-na-kovid-19/