Двајца пациенти, еден од Велес и седн од Свети Николе починаа како последница од ковид-19 во велешката болница. Починатиот велешанец имал 83 години, а пациентот од Свети Николе 63 години. Со новите смртни случаи, од почетокот на пандемијата до денес од коронавирус во Велес починаа 205 лица.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани 65 пациенти со ковид-19, од кои 53 се со потврдени позитивни тестови, еден пациент е сомнителен, а 11 пациенти имаат со негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се хоспитализирани 37 пациенти, во модуларната болница 21 и на интерното одделение се лекуваат седуммина пациенти со ковид-19. Во последното деноноќие во Велес се регистрирани нови 14 случаи.
Содржината продолжува под рекламата
Во моментов во Велес има 366 активни случаи со ковид-19. Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 6280 велешани, од кои 5711 го прележаа вирусот.
Можеби ќе ве интересира: