80 годишен пациент од Велес, и 73 годишен пациент од село Горно Оризари се нови жртви на коронавирусот. Тие починале во велешкиот ковид центар од компликации на ковид-19.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 56 пациенти, што е за двајца пациенти помалку од вчерашниот ден. 37 имаат позитивни тестови, пет пациенти се сомнителени на вирусот, а 14 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 23 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното оддееление се сместени 27 пациент, во Модуларната болница има 21 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат осум пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на вчерашниот ден тројца нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19. Во последните 24 часа испишани се двајца пациенти со по еден негативен тест. Извршен е транспорт на 46 годишен пациент во клиниката „Жан Митрев“.
Можеби ќе ве интересира: