Двајца починати од ковид-19 во Велес во последните 24 часа

Infektivno oddelenie Veles
Infektivno oddelenie Veles

Повторно висок  број на нови случаи со ковид-19, регистрирани во велешко  денес. Во ковид статистиката на Министерството за здравство се регистрирани 47 нови позитивни случаи во Велес. Еден 55 годишен пациент и еден пациент на 74 годишна возраст ја изгубија битката со коронавирусот. Тие се 118 жртви на ковид-19 во велес и велешко од почетокот на пандемијата. Бројот на активни случаи е 324.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 241 оздравен пациент, пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: