Двајца ракометари од Бисинов Фруитленд повикани во Кадетска ракометна репрезентација на Македонија

Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација Наум Танески го објавија списокот на повикани ракометари за собир и за настап на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство (ЕП) 2024 (до 18 години).

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На списокот се наоѓаат и десниот бек Александар Ристовски и пивотот Александар Славковски, играчи на велешкиот ракометен клуб Бисинов Фруитленд, додека десното крило Мартин Иванов ќе чека шанса од резервниот список.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Македонија е во група со Косово, Словачка и Швајцарија, а квалификацискиот турнир се игра во во Скопје, во слата во населбата Автокоманда од 5 до 7 јануари. Подготовките на кадетите стартуваат на 25 декември, а сите натпревари нашата репрезентација ќе ги игра од 15:00 часот.

Можеби ќе ве интересира: