Двајца се степале, други двајца се обиделе да ги разделат, па и тие „си го добиле“

krivolak

Двајца жители на неготинското село Криволак се степале во угостителски објект синоќа околу 20:45 часот. Тука се нашле други двајца соселани, кои се обиделе да ги раздвојат, но еден од учесниците во тепачката ги нападнал и нив, соопшти полицијата.

Zito akcija 640x289px

„На 28.05.2020 во 20.45 часот во СВР Велес било пријавено дека пред угостителски објект во с.Криволак бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(20) од с.Криволак и И.А.(40) од Неготино. Според пријавеното, при обид да ги разделат Б.Г.(26) и Д.Г.(51) биле физички нападнати од А.М.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria