Двајца велешани осомничени за обид да извршат разбојништво

Основното јавно обвинителство Велес поведе истражна постапка против две лица за кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со членовите 22 и 19 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Имено, на 13 февруари во вечерните часови, осомничените како соизвршители се обиделе да извршат разбојништво во трафика лоцирана на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес. На две жени кои се наоѓале во трафиката им се заканиле со пиштол и се обиделе да ја отворат касата. Едната оштетена започнала да вика, барајќи помош од полиција, додека другата се борела со двајцата разбојници. Кога не успеале да ја отворат фиоката, осомничените избегале без да ја реализираат својата намера.

Agria

Основниот суд во Велес го прифати предлогот на јавниот обвинител и на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена со цел да се овозможи непречено одвивање на кривичната постапка против нив.​

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18700/foto-vest-soobrakajka-na-izlezot-na-veles-soobrakajot-vo-prekin/