Двајца велешани позитивни на коронавирус, прв пат по два месеци, деноноќие без починати

Infektivno Veles 997x485
Infektivno Veles 997x485

Нови 163 заразени со коронавирус, меѓу кои и двајца велешани се регистрирани во последното деноноќие во земјата. Охрабрувачка е веста дека за прв пат по два месеци не е регистриран ниту еден смртен случај. Во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а најмногу заразени има во Скопје, Штип, Куманово и Гостивар.

Zito akcija 640x289px

По градови состојбата со новозаразени е следна:

Agria
  • Скопје 52
  • Куманово 21
  • Дебар 2
  • Штип 33
  • Тетово 4
  • Струга 7
  • Велес 2
  • Битола 5
  • Охрид 1
  • Кавадарци 4
  • Гостивар 17
  • Струмица 2
  • Кочани 2
  • Пробиштип 2
  • Демир Хисар 3
  • Македонски Брод 1
  • Свети Николе 3
  • Кичево 1
  • Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти, од кои тројца се од Велес.

Од почетокот на епидемијата до денеска во Велес се регистрирани 208 заразени со коронавирус. Од нив, оздравена 163 пациенти, починаа 13, а 30 сеуште се водат како активни случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412, бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: