Во последните 24 часа се регистрирани 99 нови позитивни случаи на коронавирус во државава.
Во Велес се регистрирани два нови случаи. И денес најмногу има во Скопје 33, а со двоцифрена бројка заразени има во Охрид 14. Куманово регистрира седум нови случаи, апо шест има во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево. Пет има во Штип, во Тетово четири, Македонски Брод три, Струга два, а по еден новозаразен има во Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Виница.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти, починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.
Можеби ќе ве интересира: