Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири откако доби 2,6 години затворска казна за злоупотреба на службената должност, пред медиумите изјави дека ќе ја обжали одлуката и дека не се докажало дека има умисла за склучување на договорите.
„Јас само спроведов умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи“, рече Мухамед Зеќири.
Како што кажа, не ги гледал тој договорите, туку правни стручњаци во Владата и во ниту еден момент не му укажале дека не треба да потпише.
Можеби ќе ве интересира: