Две компании од Велес во најпрофитабилните 100 домашни компании

pari denari
pari denari

Крупни домашни и странски компании со стотици вработени од разни сектори – производство и трговија со автомобилска галантерија, игри на среќа, енергетика, рударство, телекомуникации, текстил, градежништво, медицина, остварија најголеми добивки во ланската 2020 година, која се карактеризираше со економска криза предизвикана од пандемијата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На листата на 100 најголеми компании по добивка во Македонија за 2020 година што ја објави порталот „Пари“ се најдоа само две компании од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Уни Агро се најде на 78 место со добивка од 119,052,200 денари или за разлика од 2019 година намалена добивка за 24 %. Втората компанија е ЖИТО извоз-увоз ДООЕЛ Велес, која регистрира добивка од 114,147,414 денари, што е за 2 % помала добивка од претходната 2019 година, и се најде на 82 место.

Содржината продолжува под рекламата

Инаку, на врвот на оваа топ-100 листа традиционално се наоѓаат добро познатите Џонсон Мети, ЕВН, Телеком, Усје, Саса, Алкалоид, ИГМ, Бучим, Касинос Аустрија, Жан Митрев, Макпетрол, Нептун, Адора, Тутунски комбинат, Реплек, Скопска Пивара, Ван Хоол, Еуроникел Индустри.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: