Попладнево околу 18 и 30 часот на регионалниот пат Велес-Чашка се случи сообраќајна незгода во која се повредени две лица. Според првичните информации, еден автомобил излетал од патот.
Повредените на возраст од 34 и 23 години со возило на Итната медицинска помош во свесна состојба се пренесени на Хируршкото одделение во Општата болница во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
На местото на несреќата се врши увид од страна на надлежните органи.
Mожеби ќе ве интересира: