Една 72 годишна пациентка од Велес и 68 годишна пациентка од село Амзабегово светиниколско се нови жртви на коронавирусот.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 28 пациенти што е за три пациенти помалку од вчера. 18 имаат позитивни тестови, тројца пациент се сомнителни на вирусот, а седум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 14 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 23 пациенти, на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат пет пациенти. Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар хоспитализирани се тројца нови пациенти а испишани се и тројца пациенти со по еден негативен ПЦР тест.
Можеби ќе ве интересира: