Во пресрет на ракометното дерби на дното на табелата помеѓу Фруитленд Борец и Радовиш, велешани се засилија со две нови имиња. Станува збор за 27 годишниот чувар на мрежата Александар Ѓурѓевиќ и бразилскиот интернационалец Пабло Антунес де Фреитас.
Ѓурѓевиќ има големо меѓународно искуство настапувајќи за унгарски Веспрем, а послedно настапувал во француската Прва лига за тимот на Валенсе. На линијата на шест метри пак ново засилување ќе биде 23-годишниот Пабло Антунес де Фреитас, за кого ова ќе биде прво интернационално искуство.
Претходно на велешкиот клуб пристигнаа хрватскиот лев бек Бариша Цвитановиќ, бразилскиот десен бек Габриел Гуедеш, Синиша Павлов, Бобан Петров и Марио Миланов, додека клубот го напуштија Тоше Ончев, Ивица Илиев и Славјан Паунов.