Не сите текстилни фабрики во земјава одвај преживуваат. Некои од нив прават и милионски добивки. Според анализата која ја објави порталот pari.mk, во топ 10 текстилни компании по приход, а кои не произведуваат облека се најдоа и две велешки компании.
Во првите 10 најприходни компании од оние кои не произведуваат облека, се најде и велешки “Ветекс” Лани оваа компанија имала приход од над 5,6 милиони евра, а добивката и била околу 220.000 евра, што е за 10 проценти повеќе од претходната 2019 година.
Голем скок на добивката имала и “Лутекс“ ДОО Велес , браунфилд инвестиција во поранешната “Нонча Камишова’, а која се занимава со производство на индустриски и технички текстил. Оваа фабрика лани имала приход од над 4,2 милиони евра, а добивката од над 57.000 евра е поголема за дури 431,2 проценти од остварената во 2019 година.
Минатата година, од текстилниот сектор, најголема компанија по приход, но и по добивка, била „Комфи Ангел“ од Прилеп. Оваа компанија се занимава со производство на душеци, перници, и постелнина. Ланскиот приход и бил над 33 милиони евра, а остварената добивка над 2 милиои евра, или 42 проценти повеќе отколку во 2019 година. Сепак, лани бројoт на вработените во компанијата се намалил за 18. Односно, во 2019 година биле вработени 808 работници, а во 2020-та 791.
Од компаниите што имаат шифра произведство на облека, најпрофитна е „Арини фешн“ од Прилеп. Но,таа всушност произведува чорапи и хулахопки. Од тоа, компанијата минатата година инкасирала вкупен приход од речиси 10 милиони евра, со добивка од над 1 милион евра, што е 5 пати повеќе отколку во 2019 година.
Целиот текст можете да го прочитате тука
Можеби ќе ве интересира: