ДЗСИ: Има пропусти во лекувањето и транспортот на починатиот 78-годишен велешанец

Irena Sotirova Buhova

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) констатирал недостатоци во спроведеното лекување и постапката на транспорт на 78-годишниот велешанец, кој почина минатата недела, а за кого подоцна се утврди дека бил заразен со коронавирус. Велешанецот истиот ден бил прегледан во велешката болница и бил пуштен дома.

Zito akcija 640x289px

„Во врска со починатото лице од Велес, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направи вонреден инспекциски надзор, следејќи ја патеката на лекување на истиот. При тоа се констатирани недостатоци во спроведеното лекување и постапката на транспорт на пациентот. Заради констатираните пропусти, ДСЗИ иницираше стручен надзор во Министерството за здравство. ДСЗИ ќе ја продолжи постапката во рамките на своите надлежности“, изјави за Батали.нет Ирена Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.

Agria

Сега, случајот е во рацете Министерството за здравство, кое ќе врши надзор над стручната работа на оние, кај кои ДЗСИ констатирал пропусти. Сепак, таа не сакаше да открие кај кого конкретно се констатирани овие пропусти, бидејќи починатиот бил лекуван и од матичниот лекар и од лекар-специјалист од инфективното одделение на велешката болница.

„Бидејќи е инициран стручен надзор, во интерес на неговото завршување, деталите не смеат да бидат изнесени во јавност. По завршувањето на стручниот надзор, ќе бидете известени“, рече директорката Ирена Сотирова Бухова.

Семејството на починатиот 78-годишен велешанец за смртта обвини неколку здравствени институции од Велес.

Иако починатиот неколку дена претходно имал симптоми на коронавирус, како температура, кашлица, исплукување крв, болка во градите, омалаксаност, матичниот лекар го лечел со парацетамол, а роднините едвај го измолиле да го прати на тестирање, а потоа и на преглед кај специјалист.

Тие прстот го вперија и кон брзата помош за која тврдат дека морале да ја молат за да им пушти амбулантно возило. За нестручно и несовесно работење ја обвинија и лекарката од инфективното одделени на велешката болница, која грубо им се обратила, а по неколкуте поставени прашања, пациентот го пратила на домашно лекување. Истата вечер, тој почина дома.

Сите обвинети институции ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека постапиле според сите протоколи.