Од еден донор утрово се спасени четири животи, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Од Министерството посочуваат првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.
Ново срце добил 40-годишен пациент од Скопје. Пациент со хронична црнодробна болест добил нов црн дроб, а во текот на денот бубрези ќе добијат двајца пациенти на дијализа.
Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму изразуваат благодарност до семејството на донорот.
Во изминативе три години Македонија забележа значителен напредок во областа на донирање на органи. Досега имаше неколку трансплантации на срце, бубрези и коскена срцевина од починати донори.
Можеби ќе ве интересира: