Еден починат велешанец, повеќе оздравени отколку заразени во последните 24 часа

infektivno veles
infektivno veles

Еден починат, 16 нови случаи, како и 12 испишани пациенти е билансот во изминатите 24 часа во Велес, соопштуваат од министерството за здраство. Во овој момент според епидемиолошката анкета бројот на активни случаи кои се заразени со коронавирусот во Велес изнесува 231.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово – 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип – 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци – 11, Свети Николе – 9, Охрид – 8, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица  – по 1.

Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти од:

 Скопје – 443, Тетово – 112, Куманово и Гостивар – по 75, Струмица – 46, Кичево – 42, Кавадарци – 25, Прилеп и Битола – по 21, Штип – 20, Радовиш – 19, Свети Николе – 18, Ресен – 15, Дебар – 13, Велес и Кочани – по 12, Кратово – 8, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5, Охрид, Виница и Богданци – по 4, Валандово и Крушево – по 2, Струга и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се 30 починати лица:

7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и  Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).

Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: