Еден вработен во Општина Велес и еден во велешката библиотека позитивни на коронавирус

Вработен во Општина Велес е заразен со коронавирус, откри градоначалникот на Велес Аце Коцевски. Тој веста ја соопшти на вчерашната дебата за одржлива урбана мобилност, која, поради заразениот вработен, наместо во салата на општината, се одржа на отворено, пред општинската зграда.

Zito akcija 640x289px

Позитивниот тест на вработениот во општината му стигнал вчера, а според епидемиолошката анкета, најверојатно се заразил од член на потесното семејство. Поради тоа, по препорака на епидемиолог, Државниот санитарен и здравствен иснпекторат испрати уште тројца вработени од општината во изолација, а општината ќе продолжи нормално да функционира.

Agria

Во исто време, позитивен на тестот за коронавирус е и вработен во велешката билбиотека „Гоце Делчев“. Поради тоа, оваа институција ќе биде десетина дена под клуч, а четворица од вработените одат во изолација.

Неделава тројца наставници од основното училиште „Васил Главинов“ и еден од средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ се заразија со вирусот, а во изолација се уште неколкумина нивни колеги.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12629/kazneti-27-motocziklisti-vo-veles/