Со одигрувањето на натпреварите од првото коло од Општинската фудбалска лига- Велес, започна новата сезона. На вкупно четири натпревари беа постигнати 21 погодок, или во просек по 5 гола по натпревар.
Дебитантот во ова натпреварување, екипата на Бузалкова, го изненади составот на Чашка на гостински терен и го совлада со 3:0. Врановци и Младост ги поделија бодовите одигрувајќи ефикасен натпревар со шест погодоци 3:3.
Екипата на Тополка од Превалец загуби на свој терен од екипата на Бабуна со резултат 3:4, додека минатогодишниот третолигаш, составот на Локомотива од Градско на гостински терен ја совлада екипата на Форца Нова со 3:2.
Можеби ќе ве интересира: