ЕХФ ОДЛУЧИ: Алкалоид го освои Европскиот куп – АЕК го изгуби реваншот службено

Fruitlend Borec Alkaloid

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди конечната одлука за одложениот реванш натпревар во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, меѓу македонскиот клуб од Автокоманда и грчкиот АЕК Атина.

Натпреварот што требаше да се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ е регистриран со службен резултат 10-0 во корист на македонскиот претставник, откако АЕК не се појави на теренот, со што ги прекрши правилата на натпреварувањето и ја презема целосната одговорност.

Agria

Со ваквиот развој на настаните и вкупен резултат од 39-25, откако во првиот меч во Атина македонскиот тим славеше со 29-25, европскиот трофеј официјално се сели во Скопје.

Сепак, победничкиот тим не е целосно ослободен од последици. ЕХФ најави дека ќе следи казна поради непочитување на обврските во однос на организацијата – конкретно, одбивањето да се додели доволен број билети за навивачите на гостинскиот тим. Ракометниот суд на ЕХФ дополнително ќе одлучува за висината на санкцијата.

Во продолжение, ја објавуваме интегрално одлуката на ЕХФ:

Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе првата одлука во врска со случајот отворен по откажувањето на реванш-натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп за мажи 2024/25 меѓу ХC Алкалоид и АЕК Атина, кој првично беше закажан за 25 мај 2025 година во Скопје, Северна Македонија.

Судот утврди дека АЕК имал обврска да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивањето да настапи, клубот ги прекршил релевантните регулативи на ЕХФ и затоа сноси одговорност.

Судот донесе следна одлука: Резултатот од вториот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп за мажи 2024/25, ХC Алкалоид против АЕК Атина, се регистрира со 10:0 голови и 2:0 поени. Првиот натпревар заврши со победа на ХC Алкалоид од 29:25. Со тоа, ХC Алкалоид е победник на ЕХФ Европскиот Куп за мажи 2024/25, со сите последици и придобивки што произлегуваат од оваа титула.

Жалба против оваа одлука нема суспензивно дејство. Одлуката се однесува исклучиво на натпреварувачкиот дел од случајот. Одвоени дисциплински постапки во врска со одбивањето да се одигра натпреварот, причинетата штета и распределбата на билетите сè уште се во тек.

АЕК Атина има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: