Експлозивна направа била фрлена во просториите на локалниот клуб на партијата ПЦЕР на Самка Ибраимовски

samka ibraimovski

Бомба заврши во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово.

Zito akcija 640x289px

Како што информира партискиот претседател Самка Ибраимовски, скршено е стакло и нема повредени луѓе. Бомбата не била активирана.

Agria

Целиот настан е евидентиран преку камера, која служи за видеонадзор и Ибраимовски верува дека лицето ќе биде најдено.

„Во 4.23 часот дошол тука, го скршил стаклото, ја фрлил бомбата. Имал храброст да се врати назад да види дали ја активирал или не. А нашиот активист зел метла, среќа што не почнал да мете. Би било страшна експлозија, се работи за бомба ‘кашикара’ од постарите, која има огромно разорно дејство. Полицијата работи на случајот. Мислам дека ќе се види кој е, како е и зошто е направено ова. Ние како политичка партија имаме наш став, си тераме наша политика, немам никакви забелешки, ниту сме се скарани со некого. Единствено со извршителите, што го кажував, дали е тоа причината или нешто друго, тоа не можам да кажам, меѓутоа ми ветија дека многу бргу ќе го дознаеме“, истакна Ибраимовски.

Екипа на СВР Тетово извршила увид, а фрлената неексплодирана бомба е подигната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: