Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19% во однос на одлуката од 31.10.2022 година.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Содржината продолжува под рекламата
Mаксималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: