Велешанецот Митко Гочев е еден од многуте граѓани, кои поради доаѓање од странство, мора веднаш да биде сместен во државен карантин поради коронавирусот. Тој 12 часа летал од Сао Паоло до Париз, каде што 24 часа чекал за следниот авион до Софија. Од аеродромот во Софија, со такси до граничниот премин Деве Баир, каде што со автобус се пренесени и однесени на Попова Шапка.
“Сместен сум во хотелот “Арена Тетекс”, на Попова Шапка. Вкупно сме околу 50-60 луѓе, и секој е сам во собата. Условите се одлични, храната е доста вкусна и обилна. Денес имаме и зимска идила, заврна снег”, рече Гочевски.
На Гочевски му остануваат уште пет ден од карантинот. Тој потоа се враќа кај својата фамилија, кај сопругата, ќерката и синот.