Епидемиологот Данаиловски: Потребен е викенд карантин за да можат да здивнат здравствените работници

danailovski
danailovski

Епидемиологот Драган Даниловски, вели дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април и вели дека е потребно воведување викенд карантини, со цел да им се даде простор на здраветвените работници да земат здив.

Zito akcija 640x289px

Данаиловски напомена дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него кој знае колкав ќе беше бројот на заразени и починати. Даниловски рече дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

Agria

„Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика“, вели д-р Даниловски. 

Инаку од вечешката болница ја известуваат јавноста дека денеска се починати двајца пациенти. Едниот на 84 годишна возраст починал откако бил лекуван на Инфективното одделение три дена, додека другиот пациент е на 74 годишна возраст лекуван на Инфективното одделение тдва дена.

Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 96. Од нив, 88 имаат потврдени позитивни тестови, четвири пациенти се сомнителни на вирусот, и четири имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.

Можеби ќе ве инѕтересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: