Велешанецот Ердин Зејнелов, член на Боречкиот клуб Борец, ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во борење слободен стил до 15 години кое ќе се одржи во Загреб од 14 до 19 јули.
По настапот на Балканското првенство за пионери и кадети во Ксанти минатата година, ова ќе биде второ претставување на државата. Зејнелов е две години државен шампион во својата категорија до 75 килограми.
Содржината продолжува под рекламата
Од Боречкиот клуб Борец изјавија дека се надеваат на добар настап на Зејнелов, а воедно се заблагодарија до сите кои помогнаа и веруваа во клубот и Зејнелов.
Можеби ќе ве интересира: