Борачот на боречкиот клуб Борец Ердин Зејнелов втора година по ред е шампион во својата категорија до 75 килограми слободен стил. До ова достигнување стигна доминантно откако во сите шест борби ги победи своите противници со технички туш.
Во спортската сала на СОУ „Р.Р. Ричко“ се одржа „Државно изборно првенство во борење У15“ (категорија на борачи до 15 години) во техничка организација на Боречкиот клуб „7-ми Мај“ од Прилеп, а главен организатор е Федерацијата за борење на Македонија. На ова Државно изборно првенство учествуваа 12 боречки клубови од Прилеп, Скопје, Штип, Радовиш, Велес, Студеничани, Кочани, Неготино и Кичево. Победниците на ова првенство влегуваат во репрезентацијата на Македонија У15 во категорија до 15 години.
Содржината продолжува под рекламата
Младите борачи на боречкиот клуб Борец освоија едно прво, две втори и две трети места на ова првенство, со што го освои високото петто место во екипна конкуренција,
Содржината продолжува под рекламата
Можеби ќе ве интересира: