Ердоган закажа претседателски и парламентарни избори на 14 мај

erdogan
erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потпиша Одлуката за распишување претседателски и парламентарни избори во таа земја за 14 мај годинава.

Zito akcija 640x289px

„Со овластувањата што ми ги дава членот 116 од нашиот Устав, ја потпишав Одлуката за одржување на изборите на 14 мај, кои требаше да се одржат на 18 јуни 2023 година“ – изјави Реџеп Таип Ердоган во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, пренесува Анадолија.

Agria

Одлуката ќе биде објавена утре во Службен весник на Република Турција.

„Дури и во изборниот процес, нашата програма ќе се состои од лекување на раните на жртвите од земјотресот и компензација на економската и социјалната штета предизвикана од оваа катастрофа“ – рече Ердоган.

На 14 мај граѓаните ќе бираат претседател и 600 претставници во Големото национално собрание на Турција.

Шестпартискиот сојуз на турската опозиција во понеделникот го именуваше Кемал Киличдароглу, претседателот на нејзината најголема партија, за свој кандидат на претседателските избори, за да се натпреварува со актуелниот претседател Ердоган, кој е на власт во последните 20 години.

Претседателските и парламентарните избори ќе се одржат според планираното на 14 мај, и покрај земјотресот на 6 февруари во кој загинаа 46.000 луѓе и беа опустошени огромни области на југот и југоистокот на земјата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: