Ескобар се надева на продуктивни дискусии во Скопје

Gabriel Eskobar

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето коментар за реакцијата на опозицијата пред посетата на Ескобар на Скопје.

Zito akcija 640x289px

„Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан“, велат од Стејт департментот.

Agria

Ескобар денеска во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а предвиденое да има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека „тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници“.

Мицкоски, исто така, рече дека посетата на Ескобар ја оценува како и секоја друга посета.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40758/del-od-avionot-na-prigozhin-pronajden-na-dva-kilometri-od-mestoto-na-nesrekata/