ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум. Тоа е 17% повисока цена од онаа која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач.
„АД ЕСМ, како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, понуди купопродажна цена на електрична енергија на ЕВН Хоум од 48 евра за мегаватчас за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена за периодот јули-декември 2022 година e за 17 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач за периодот јануари-јуни во 2022 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас“, информираат од компанија.
Содржината продолжува под рекламата
За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку ЕСМ во јануари понуди за 13,6% повисока цена, односно од 36 евра за мегават, во првите 6 месеци годинава, струјата на ЕВН им ја продава по цена од 41 евро за мегават час. Тоа пак, за домаќинствата значеше поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија.
Mожеби ќе ве интересира: